Милатовиќ на Цетиње по средбата со словенечката претседателка Наташа Пир Мусар кажа дека Црна Гора има јасен став за Сребреница.
„Дали владата го сменила ставот во однос на државниот став, тоа е прашање за владата“, кажа Милатовиќ.
Црногорскиот парламент во 2021 година усвои резолуција за Сребреница, во која, меѓу другото, „најостро се осудува геноцидот во Сребреница“ и се забранува „јавно негирање на постоењето или намалување на геноцидот во Сребреница“.
Минатата недела 75 црногорски невладини здруженија и 65 поединци предадоа иницијатива до владата на Црна Гора да ја спонзорира нацрт резолуцијата на ОН за сеќавање на Сребреница, но владата на премиерот Милојко Спајиќ уште не се изјаснила за таа иницијатива.