сабота, 27 јули 2024

Претседателот на Бугарија стави вето на испораката на оклопни возила во Украина

Бугарскиот претседател Румен Радев стави вето на одлуката за испорака на бугарски оклопни возила во Украина.

Објавено на

часот

Сподели

Радев го врати на нова расправа во парламентот Законот за потврдување на договорот со кој Бугарија бесплатно ѝ обезбедува на Украина оклопна опрема.

Во причините за ветото беше наведено дека пратениците не биле доволно запознаени со конкретните параметри на донацијата, што им оневозможува објективно да проценат дали обезбедената опрема повеќе не ѝ е потребна на Бугарија, се вели во соопштението на прес службата на претседателот на Бугарија, пренесе Њуз.бг.

Констатирано е дека не се земени предвид борбените задачи доделени на Министерството за внатрешни работи, ниту потребите на главните управи на „Граничната полиција“ и „Противпожарната безбедност и безбедноста на населението“.

„Оклопната транспортна опрема испорачана во Украина би можела особено да се користи за заштита на бугарската граница и за обезбедување помош на населението во случај на катастрофи и несреќи, вклучително и во тешко достапни области. Се водам според верувањето дека безбедноста, здравјето и животот на бугарските граѓани треба да бидат главен приоритет“, истакна претседателот на Бугарија.

Тој ги наведе примерите со поплавите во Карлово и Царево, кога Министерството за внатрешни работи уште еднаш се потпре на способноста на бугарската армија навремено и ефикасно да ја исполни својата мисија утврдена со закон.

„Случаите кога службите за заштита на населението ќе се соочат со вакви предизвици ќе бидат се почести, а тоа бара нивно зајакнување, а не слабеење“, додаде Радев.

Законот за потврдување на Договорот меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Бугарија и Министерството за одбрана на Украина за бесплатно обезбедување на оклопна транспортна опрема беше потпишан во Софија на 8 август 2023 година и во Киев на 13 ноември 2023 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ