недела, 27 октомври 2024
Заврши зад решетки

Претседателот на Анкарагучу уапсен, пред обвинител објаснил зошто го удрил судијата

Претседателот на Анкарагучу, Фарук Коца е уапсен по синоќешниот срамен инцидент на натпреварот против Ризеспор, пред обвинител тој објаснил дека сакал само да го плукне судијата, но ги загубил нервите и му удрил бокс.

Објавено на

часот

Сподели

Фудбал во Турција нема да се игра во следниот период, причина е синоќешниот срамен инцидент на натпреварот помеѓу Анкарагучу и Ризеспор, кога претседателот на домашниот тим се симна на теренот и му удри бокс на судијата Халил Умут Мелер.

Судиите веднаш го кренаа гласот, реагираше и Фудбалската федерација на Турција, па падна одлука фудбалот да биде суспендиран на неодредено време.

Во меѓувреме, претседателот на Анкарагучу, Фарук Коца е уапсен, и медиумите веќе брифираат за неговата изјава пред обвинител.

„Инцидентот се случи поради погрешните одлуки на судијата и неговото провокативно однесување. Мојата цел беше да реагирам вербално, да го плукнам во лице, но ги загубив нервите и го удрив. Сепак, мојот удар не беше толку силен за да му нанесам фрактура“ – е дел од објаснувањето на Фарук Коца.

По дадената изјава, претседателот на Анкарагучу е спроведен во затвор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ