недела, 27 октомври 2024
ШОКАНТНИ СЦЕНИ

Претседателот на Анкарагучу се симна на теренот и го нокаутираше судијата, фудбалот во Турција е суспендиран! (ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу Анкарагучу и Ризеспор донесе срамни сцени, претседателот на домашниот клуб се симна на теренот и го нокаутираше судијата, кој во мешаницата доби уште неколку клоци.

Објавено на

часот

Сподели

Судиите често се критикувани дека не си ја вршат работата како што треба, но се чини дека претседателот на Анкарагучу претера со изразувањето на незадоволството.

Анкарагучу вечерва го пречека Ризеспор, домаќините водеа со 1-0 се до финишот, кога гостите во 97. минута изедначија на 1-1 и се изборија за бод.

По крајот на натпреварот, првиот човек на Анкарагучу, Фарук Коца се симна на теренот, му удри бокс во лице на судијата Халил Умут Мелер и го нокаутираше.

Додека судијата лежеше на теренот, настана мешаница во која тој доби уште неколку клоци по телото и главата. На социјалните мрежи се појавија видеа и слики од кои се гледа дека окото на судијата е прилично потечено.

Министерот за млади и спорт на Турција одма го осуди инцидентот, Министертот за внатрешни работи порача дека внимателно ги следат случувањата, а Министерот за правда ијави дека е започната истрага против одговорните за нападот.

Судиите веднаш го кренаа гласот, реагираше и Фудбалската федерација на Турција, па падна одлука фудбалот да биде суспендиран на неодредено време.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ