сабота, 27 јули 2024

Претседателот го посети транзитниот мигрантски центар кај Гевгелија

„Безбедносната состојба е стабилна и без позначителни промени во однос на изминатиот период. Од почетокот на годинава, во земјава се регистрирани речиси 10 илјади мигранти, главно од Сирија, Мароко, Авганистан и Пакистан“, смета претседателот Стево Пендаровски кој беше во посета на транзитниот центар „Винојуг“ – Гевгелија и разговараше со претставници на институциите и организациите кои се ангажирани таму за нивните тековни активности, регистрацијата на мигрантите и нивниот третман.

Објавено на

часот

Сподели

„Соговорниците ја нагласија потребата од натамошно зајакнување на заедничкиот пристап на засегнатите земји, поддршка во јакнењето на националните капацитети, но и соработка со земјите на потекло на овие лица“, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот.

Како што информира Кабинетот на претседателот Пендаровски, шефот на државата го посетил семејното катче каде што се врши едукација на мигрантите и беше информиран за тековните активности во однос на нивната психо-социјална заштита и ментално здравје. Во разговорот со дел од лицата коишто ги користат овие услуги, претседателот беше запознаен со нивните лични приказни и сведоштва, како и со досегашните искуства од престојот во земјата.

д

Пендаровски бил информиран за капацитетите на транзитниот центар, како и за целокупната состојба на јужната граница, имајќи предвид дека таму на сила е одлуката за постоење кризна состојба. Тој разговарал и со претставници на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), водечка агенција на Обединетите нации за миграција.

Потоа ги посетил и војниците на јужната граница сместени во објектот во Млаз Богданци.

в

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ