сабота, 27 јули 2024

Претседателката Сиљановска Давкова во Рим ќе има средба со Папата и со претседателот на Италија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова веќе на 23 мај ќе ја има својата прва посета во странство. Тој ден таа ќе биде примена од Папата Франциск во Ватикан, а следниот ден во Рим ќе присуствува на чевствувањето на светите браќа Кирил и Методиј.

Објавено на

часот

Сподели

Сиљановска Давкова ќе ја посети базиликата Свети Климент каде се наоѓа гробот на Св. Кирил, а потоа и базиликата Санта мариа Маџоре каде се наоѓа плочата испишана на македонски јазик.

За време на престојот во Рим, претседателката ќе биде примена од претседателот на Италија, Серџо Матарела.

Останува единствено неодговорено прашањето дали Сиљановска Давкова ќе има средба или ракување со претседателот на Бугарија, Румен Радев, чие доаѓање во Рим е исто така најавено по истиот повод.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ