вторник, 22 октомври 2024

Претседателката не го свикува Советот за безбедност и не сака нови членови од партиите

Индиции за дестабилизација се едно, закани за дестабилизација се друго, но реалноста е поинаква, затоа реков дека нема да го свикам Советот за безбедност зашто мислам дека во ова време – невереме, треба да се справуваме со пожарите како стихија, одговори претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова на новинарско прашање поврзано со изјавите на премиерот дека постојат индиции за обиди за дестабилизација на држаата наесен. За доекиирање на Советот таа не преферира луѓе од политиката и партиите. Сиљновска Давкова во врска со пожарите рече и  прогласувањето вонредна состојба недостасува законска регулатива.

Објавено на

часот

Сподели

Сиљановска Давкова најави дека седница на Советот може да биде одржана по неговото комплетирање, а темите, како што посочи, ќе бидат тие за што денес се расправа глобално и во Европа, а тоа е каде оди и што се случува во светот.

„Индиции за дестабилизација се едно, закани за дестабилизација се друго, но реалноста е поинаква. Реков дека нема да го свикам Советот зашто мислам дека во ова време – невереме, кога треба да се справуваме со пожарите како стихија, ние се соочуваме и со други закани под наводници. Не гледам дека тие закани се реалност во моментов, изјави Сиљановска Давкова“, изјави претседателката на Македонија во Охрид каде што учествуваше на отворањето на 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски, јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Во врска со доекипирањето на Советот за безбедност, таа рече:

„Мислам дека е дека е добро еден член да биде некој кој нема ништо со политиката и партиите, туку е експерт за климатски промени и климатска заштита, и тој веќе се согласи. Другиот да е експерт за евроинтеграции, бидејќи сè што правиме е поврзано со нашето враќање во Европа каде што ни е местото. И третиот треба да е експерт за глобализацијата, која веќе не е само американизација, туку гледаме мултиполарен свет, а се соочуваме и со војна што е пораз за целото човештво и за сиот свет, бидејќи и европскиот проект е мировен проект, ОН се мировен проект“, рече Сиљановска Давкова.

Претседателката на Македонија најави дека по комплетирањето Советот за безбедност би свикала седница за да се расправа за она за што денес сиот свет го рзгледува – а тоа е каде оди светот, што се случува денес, тема која годинава ќе биде главна и на Генералното собрание на ОН, за мирот бидејќи, како што наведе, „да ветуваме вечен мир, а да се сочиме со војна во 21 век е пораз човештвото и на мировната идеја на ОН“.

Во врска со пожарите во земјава, кои ги спомена во делот на Советот за безбедност, Сиљановска Давкова смета дека недостасува законска регулатива во однос на прогласувањето вонредна состојба.

„Мислам дека многу голем беше придонесот на Армијата. Како што гледате, не само Републиката, туку и Балканот е во пламен. Мојата теза е дека се потребни законски измени. Ние немаме Закон за вонредна состојба. Почна работата на него, дури дојде и во Собранието кога бев пратеничка, не знам каде е, но мислам дека и кај вонредната состојба што може да се прогласи на дел или на територијата на државата, исто така има можности. Мора да се преиспита целата таа мрежа на органите, постојано треба цела година да се подготвуваме за август кога ќе се соочиме со пожарите за да може полесно да се справуваме со нив“, рече Сиљановска Давкова.

Таа изрази благодарност до соседите и сите оние кои помагаат во справување со пожарите и посочи дека треба и во иднина да имаме регионален пристап во справувањето со овие состојби.

„Она што мене ме импресионира е регионалната димензија на соработката. Немам зборови со кои можам да изразам благодарност, бидејќи и самите тие се под закана, сите наши соседи, но гледате дека и во добро и во зло ние сме заедно. Уште еднаш благодарност до сите. Можеби треба и регионален пристап да имаме во иднина во справувањето со овие состојби, па кога треба и ние да помогнеме во Србија, Црна Гора, Хрватска или во Косово кога е потребно, како тие сега кај нас. Мислам дека ако системски се однесуваме и секој си ја знае работата, поинаку ќе се однесуваме и кон ангажманот на војската, бидејќи војска се ангажира само во исклучителни ситуации. Посебна благодарност исто така до волонтерството, до луѓето кои каде и да има пожар се упатуваат за да помогнат“, рече претседателката.

Таа потенцираше дека е потребно сите да се однесуваме со почит кон природата.

„Се работи за нешто што е создавано со децении, затоа ние треба посебно да се однесуваме со почит. Случаите на намерно палење се најприсутни и затоа мислам дека ние мораме да изградиме еден посебен однос. Често пати се повикувам на скандинавскиот пример кон природата, почитта мора да ја градиме постојано“, додаде претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ