сабота, 27 јули 2024

Претседателката на Македонија поканета од претседателката на Швајцарија да зборува на Самитот за мир во Украина

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова денеска повторно имаше средба со амбасадорите на ЕУ и на Украина, Дејвид Гир и Лариса Дир, заедно со амбасадорката на Швајцарија Вероник Улман. Амбасадорката Улман на Сиљановска Давкова ѝ ја пренела поканата од претседателката на Швајцарската Конфедерацијана Виола Амхерд да учествува на Самитот за мир во Украина што ќе се одржи во нејзината земја.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата, како што соопштија од нејзиниот кабинет, претседателката Сиљановска Давкова изразила благодарност за поканата упатена од претседателката на Швајцарската Конфедерација, Виола Амхерд, за нејзино учество на Самитот за мир во Украина, што ќе се одржи на 15 и 16 јуни во Швајцарија.

„Претседателката Сиљановска Давкова оцени дека претстојниот самит претставува добра можност за обезбедување платформа за дијалог за сеопфатен, праведен и траен мир во Украина.

Претседателката Сиљановска Давкова ја реафирмираше македонската поддршка за Украина по неиспровоцираната и неоправдана воена агресија на Руската Федерација и повика на почитување на територијалниот интегритет, суверенитет и независност во Украина во меѓународно признатите граници и територијални води“, се вели во соопштението од претседателскиот кабинет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ