На конференцијата предвидено е учество на шефови на држави и влади, претставници на меѓународни организации, на бизнис и граѓанскиот сектор.
Предвидено е претседателката Сиљановска Давкова да има свое обраќање на настанот.
„Конференцијата е продолжение на серијата годишни настани на високо ниво посветени на брзо закрепнување и долготрајна реконструкција на Украина, по почетокот на руската воена агресија. Клучна цел на настанот е да се обезбеди континуирана меѓународна поддршка за обнова, реконструкција, реформи и модернизација на Украина“, се вели во соопштението од кабинетот на претседателката на Македонија.