недела, 3 ноември 2024

Претседателката на Индија полета со Су-30 (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Индиската претседателка, која е врховен командант на индиските оружени сили, леташе околу 30 минути, надгледувајќи ја Брамапутра и долината Тезпур со поглед на Хималаите пред да се врати во базата на воздухопловните сили.

Со авионот управувал капетанот Навин Кумар, командант на 106-тата ескадрила. Сухојот летал на висина од околу два километри над нивото на морето со брзина од 800 километри на час. Претседателката Мурму е трет претседател на Индија и втора претседателка која извршила ваков лет.

„За мене беше возбудливо искуство да летам со моќен борбен авион Су-30 МКИ на индиското воено воздухопловство. Се гордеам со тоа што одбранбените капацитети на Индија значително се проширија и ги покриваат сите граници на копно, во воздух и на море. Му честитам на индиското воздухополвство и на целиот воен тим – воздухопловната база Тезпур на организацијата на овој лет“, напишала Мурму во книгата на впечатоци по летот, соопшти нејзиниот кабинет.

Се додава дека претседателката на Индија е запознаена со способностите на авионот ловец и на индиското воено воздухопловство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ