сабота, 27 јули 2024

Претседателката на Грузија: Законот за „странско влијание“ е неприфатлив, ќе ставам вето

Грузиската претседателка Саломе Зурабишвили рече дека предлог-законот за „странско влијание“ усвоен од парламентот, кој критичарите го нарекоа закана за слободата на говорот, е „неприфатлив“ и ќе стави вето на него.

Објавено на

часот

Сподели

Зурабишвили остро ја критикуваше владејачката партија Грузиски сон дека дозволила усвојување на законот, додавајќи дека законот ги загрозува аспирациите на Грузија за влез во Европската унија.

Со недели, десетици илјади Грузијци протестираа против законот, за кој се залага водечката партија Грузиски сон. Демонстрациите постојано беа насилно задушувани со водени топови, солзавец и гумени куршуми. Опозицијата и граѓаните стравуваат дека владата може да го искористи тој закон за да го потисне секое спортивставување на нејзината власт.

Граѓаните и денеска продолжуваат да ги блокираат улиците во грузискиот главен град пред Парламентот, откако пратениците во вторникот го усвоија законот и покрај острите критики од САД и Европската унија.

Зурабишвили вети дека ќе стави вето на законот, но партијата Грузиски сон има доволно мнозинство за да го отфрли.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ