сабота, 27 јули 2024

Претседателката на Европската комисија во Киев го поддржа отпорот на украинскиот народ

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен денеска го поддржа „исклучителниот отпор на украинскиот народ“, по пристигнувањето во Киев на втората годишнина од почетокот на руската инвазија на Украина.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во пораката објавена со фотографија од железничката станица во Киев, таа истакна дека ЕУ „повеќе од кога било цврсто ја поддржува Украина, финансиски, економски, воено и морално“, како што наведе, „додека земјата конечно не се ослободи“.

Во заедничката изјава на лидерите на ЕУ по повод втората годишнина од војната во Украина објавена вчера, беше оценето дека Унијата е пообединета „од кога било“ во поддршката за Украина.

„Повеќе од кога било, остануваме обединети и верни на нашето ветување дека ќе ја поддржуваме Украина онолку долго колку што е потребно“, напишаа тие во соопштението.

Покрај Урсула фон дер Лаен, во Украина пристигнале и италијанската премиерка Џорџа Мелони, белгискиот премиер Александар де Кро и канадскиот премиер Џастин Трудо.

Денеска се навршуваат две години од почетокот на руската инвазија на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ