Како што информираа од МВР, велешанецот М.Ц. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Вчера напладне радовишката полиција го уапсила 25 годишниот М.Т. од село Покрачјево.
„При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана, семки од растението канабис и предмет со остатоци од растителна материја. Лицето било задржано во полициската станица Радовиш, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, се наведува во билтенот на МВР.
А валандовската полиција пак, вчера го лишила од слобода В.М од село Раброво. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени бела прашкаста материја, најверојатно амфетамин, марихуана и предмети со остатоци од прашкаста материја.
Како што соопшти МВР, лицето било задржано во полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
„По документирање на случајот, против В.М. ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.