петок, 18 октомври 2024

Претреси во Скопје, пронајдени оружје, дрога и муниција

Вчера полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје извршиле претреси на две локации во Скопје. При претреси во домот на А.М пронашле пет куршуми, а кај Г. М. пронашле 409 куршуми, една автоматска пушка со две рамки за истата, еден револвер, три пиштоли и една ловна пушка. Исто така вчера, полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија по наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес на домот на С.Р. во Скопје и пронашле 32 кесички со марихуана, 12 таблети, девет кесички со бела грутчеста материја, еден тањир во кој имало  две грутки бела материја и  бела прашкаста материја.

 

Објавено на

часот

Сподели

„По завршување на претресите лицата се лишени од слобода, а по комплетирање на целокупната документација СВР Скопје- ЕНТ поднесе кривична пријава до ОЈО, а судија на претходна постапка на двајцата им одреди по 30 дена притвор“, информираа од МВР.

Исто така вчера, полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија по наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес на домот на С.Р. во Скопје и пронашле 32 кесички со марихуана, 12 таблети, девет кесички со бела грутчеста материја, еден тањир во кој имало  две грутки бела материја и  бела прашкаста материја.

„СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка до ОЈО, а судија на претходна постапка на С.Р. му одреди 30 дена притвор“, соопшти МВР.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ