четврток, 19 септември 2024

Претреси во Куманово и Гевгелија, приведени дилери на дрога

Во два засебни случаи во борба против трговија и продажба на наркотици, полицијата вчера изврши претреси во Куманово и Гевгелија и уапси двајца дилери.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Вчера вечер во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 41 годишниот Б.И.

„При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела и кафеава прашкаста материја и дигитална вага. Б.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава“, се наведува во билтенот на МВР.

Вчера попладне пак, во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода И.Г. од Гевгелија.

„При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени стебла канабис, предмети исполнети со зелена растителна материја и употребени шприцеви со игли со остатоци од непозната материја. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот против И.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираа од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ