четврток, 13 март 2025

Претреси на подрачјето на СВР Струмица, пронајдена дрога, приведени дилери

Вчера наутро во Струмица, полициски службеници го лишиле од слобода А.П. од Скопје, со престој во Струмица. При претрес на две локации, кои ги користи во Струмица и во село Ново Село, струмичко, извршени со судски наредби, биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, предмети со остатоци од марихуана, семки од растението канабис, таблета, шприцеви исполнети со црна течност, две дигитални ваги, две дробилки и пари во различни апоени.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Истиот ден рано утрото во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода К.К. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. 

„Вчера, во ОВР Гевгелија, во присуство на родител, бранител и социјален работник, бил извршен службен разговор со 17 – годишник од гевгелиско село. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, предмети со остатоци од марихуана, семки од растението канабис, две дигитални ваги, два грендери и други предмети. Дополнително, во ОВР Гевгелија бил повикан и братот на малолетникот и со него, исто така, бил извршен службен разговор за потекло на пронајдените предмети“, информираше МВР.

Вчера, половина час претпладне  во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово го лишиле од слобода В.З.. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба биле пронајдени марихуана и семки од растението канабис. 

За сите овие случаи запознаени биле јавни обвинители од Основните јавни обвинителства во Струмица, Гевгелија и Радовиш и по документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ