недела, 20 октомври 2024

Претрес во Велес, полицијата заплени 31 пакување со дрога

При претрес во домот во кој живеел Х.М., извршен со судска наредба, а во кој бил затекнат и З.Б., биле пронајдени и одземени 31 пакување со кафеава прашкаста материја, најверојатно хашиш.

Фото: Илустрација

Објавено на

часот

Сподели

Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес вчера ги привеле Х.М.(47) и З.Б.(43), двајцата од Велес, соопшти МВР.

При претрес во домот во кој живеел Х.М., извршен со судска наредба, а во кој бил затекнат и З.Б., биле пронајдени и одземени 31 пакување со кафеава прашкаста материја.

За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ