недела, 20 октомври 2024
Време

Претпладне сончево, попладне во северните и источните делови нестабилно

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со засилен ветер и појава на град. Дневната температура во Скопје ќе достигне до 30 Целзиусови степени, Маврово 21, Охрид 27, Битола 28, Крива Паланка 25, Берово 24, Кавадарци и Дојран 30. 

Утре времето ќе биде променливо облачно, од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

Во Скопје променливо облачно, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со засилен ветер и појава на град. Дневните температури ќе се движат од 19 до 30 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ