сабота, 27 јули 2024
Време

Претпладне сончево, попладне облачно со краткотрајни врнежи од дожд

Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе има зголемена облачност со краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје сончево со умерена облачност, а попладне во делови од котлината ќе има зголемена облачност со услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Дневните температури ќе се движат од 16 до 25 Целзиусови степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ