Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има услови за краткотарен пороен дожд во делови од котлината, ретки грмежи и засилување на ветерот. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 28 степени.
И во наредните денови ќе продолжи периодот во кој во претпладневните часови ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.