Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 26 степени.
И во текот на следната недела во попладневните часови ќе се задржи нестабилното време со појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.