Максималните дневни температури се очекуваат од 11 степени во Маврово до 21 степен во Дојран и Гевгелија.
Во Скопје, претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне се очелува краткотраен пороен дожд со можност за повремени грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.
Во наредните денови се очекува нестабилно време. До средината на следната седмица во попладневните часови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со засилен ветер.
Фото: П.Џ.