сабота, 27 јули 2024
Време

Претпладне сончево и топло, попладне локални врнежи од дожд

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне, во вечерните и ноќните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално, особено во западните делови во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.

Утре претпладне времето ќе биде сончево и топло со променлива облачност која ќе се зголемува. Од пладневните часови, попладне и преку ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност од попладне со услови за нестабилност, пороен дожд и грмежи. Повремени врнежи ќе има и преку ноќта.

Дневните температури ќе се движат до 18 до 29 Целзиусови степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ