сабота, 27 јули 2024
Време

Претпладне сонце, попладне дожд

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 21 до 29 Целзиусови степени. УВ индексот ќе изнесува 6.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Според УХМР, и утре ќе има повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Од петок дневната температура ќе биде во значителен пораст и на повеќе места ќе биде над 30 степени. Сепак во попладневните часови можна е изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ