сабота, 27 април 2024
Време

Претпладне облачно, потоа сончево

Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, локално поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер (60 km/h) од југозападен правец.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје претпладне променливо облачно со врнежи од дожд, во делови од котлината со услови за појава на ретки грмежи. Попладне сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец.

Утре времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.

Дневните температури ќе се движат од 15 до 26 Целзиусови степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ