среда, 15 јануари 2025
Време

Претпладне облачно, попладне пороен дожд

Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде умерено облачно со слаб до умерен јужен ветер. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60км/ч.) и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35 Целзиусови степени. УВ индексот ќе има вредност 6.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје претпладне умерено облачно, попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 Целзиусови степени.


Во наредните денови, до среда времето ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. На повеќе места процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. Од четврток ќе настапи стабилизирање на времето со постепен пораст на дневната температура.

Во Скопје до среда ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ