Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот умерено облачно со умерен ветер од северен правец.
Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието северозападен, а во западните делови западен ветер, кој наместа повремено ќе засилува.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат од 2 до 11 Целзиусови степени.