сабота, 27 јули 2024

Претходно пријавениот ситроен слободно шетал низ Скопје пред очите на полицијата

На земјен пат од Бродец кон Стенковец бил запален ситроенот на Панче Жежовски, во кој Вања Ѓорчевска била пренесена до местото на убиството.

Објавено на

часот

Сподели

Десетина метри од тоа место, покрај патот меѓу селата Бразда и Горно Оризари, на 27 ноември Вања била убиена и закопана.

Од запаленото возило на велешанецот Жежовски биле останати само стаклатa.

На 24 ноември било пријавено дека Жежовски е исчезнат. Ќерката на Жежовски објавила дека го нема и неговото возило ситроен бx 88, со регистрација ВЕ 2931 АД.

Ако работела на случајот, полицијата ги имала тие информации.

Останува нејасно како полицијата тие три дена, од 24ти до 27ми, пропуштила да го види ова возило, кое од Велес дошло до Скопје, возело низ самиот скопски центар, а потоа заминало кон Бразда.

А.Д.

д

д

д

д

д

Фото: Роберт Атанасовски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ