„За случајот е надлежна српската полиција, но според информациите со кои располагаме ние, тој бил нападнат ноќеска по полноќ. Повеќе дена престојувал во Ниш кај свои роднини. Излегол на кратко за да прошета и бил удрен од зад грб од непознати напаѓачи. Поминал со полесни телесни повреди“, изјавија во МВР.
По инцидентот скопјанецот бил префрлен на клиниката за Неврохирургија во Ниш.
Засега нема подетални информации за случајот.