сабота, 21 декември 2024

Претекнување е првичната причина за тешката сообраќајка кај Кочани, соопшти Обвинителството

Јавен обвинител од ОЈО Кочани извршил увид на лице место каде што денеска се случи тешката сообраќајна несреќа на патот Штип-Кочани во која животот го загубија двајца, а седуммина се тешко повредени, соопштија попладнево од Обвинителството.

 

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„Издадени се повеќе наредби за утврдување на причините за несреќата. На увидот присуствуваше и вешто лице од областа на сообраќајот, а според првичните сознанија до несреќата дошло при претекнување. Издадена е наредба за прибирање траги од лице место, за обдукција на телата на починатите, наредба за испитување на примероци од крв и урина од учесниците во несреќата, а ќе биде наредено и сообраќајно-техничко вештачење“, информираа од Обвинителството.

Седумтемина повредени во тешката сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип – Кочани се пренесени во Општата болница во Кочани.

Седум повредени во тешката сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип – Кочани се пренесени во Општата болница во Кочани.

„Нашите лекари сè уште ја утврдуваат здравствената состојба и степенот на повредените кај лицата. Дел од нив, кај кои се констатирани посериозни повреди, веќе се препратени за натамошен третман во болниците во Штип и Скопје. За останатите, кои се во стабилна состојба, потребни се дополнителни испитувања, по што ќе биде познато дали ќе останат кај нас“, истакна Душанка Горгиева Трпевски, директорка на Општата болница со проширена дејност од Кочани.

Претходно од полицијата потврдија дека со сообраќајката има две загинати лица, но нивниот идентитет не е соопштен.

Според првичните сознанија, во сообраќајната несреќа учествувале три патнички возила, односно голф со кочански, ситроен со винички и сеат со скопски регистарски ознаки.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ