недела, 3 ноември 2024

Пресврт околу убиството на рускиот блогер, НРА: Ние го убивме

Објавено на

часот

Сподели

Според обвинителството, Трепова во неделата попладне во кафуле во Санкт Петербург му ја предала статуетката полна со експлозив на Татарски. Откако таа му го врачила подарокот на блогерот, статуетката му експлодирала во рацете, при што самиот Татарски бил убиен, а 40 гости биле повредени. Истражниот комитет го оквалификуваше како терористички напад, тврдејќи дека бил планиран и организиран во Украина.

Медуза известува дека организацијата која себеси се нарекува Национална републиканска армија (НРА) ја презеде одговорноста за убиството на Татарски. Претходно, таа ја презеде одговорноста и за убиството на Дарија Дугина, ќерката на блискиот советник на рускиот претседател Александар Дугин.

„Организиравме и спроведовме акција на 02.04.2023 година, против групата З-активисти и особено против познатиот воен хушкач и воен пропагандист, воениот злосторник Максим Фомин, познат како Владлен Татарски“, се вели во пораката објавена од НРА. „Го подготвивме овој чин и го извршивме самостојно, а немаме никаква поврзаност ниту сме добиле помош од странски структури, а камоли од специјални служби“, соопштија тие.

НРА исто така изјави дека нивната акција не била насочена против „мирољубиви цивили“ и дека сите жртви на нападот биле поддржувачи на руската војна против Украина. Организацијата ги повика руските активисти за човекови права да ѝ помогнат на Дарија Трепова, за која властите се сомневаат дека го извршила нападот. Тие исто така ги повикаа Русите да се спротивстават на режимот во Кремљ на сите нивоа, „сѐ до негово целосно уништување“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ