сабота, 27 јули 2024

Престојниот викенд се одржува традиционалниот меѓународен Илинденски кајак слалом „ИКАС 2024“

И оваа година како и во изминатите 54 години на Календарот на Светската и Европската кајак Федерација во својот стандарден термин на 06-07 Април повторно се најде Традиционалниот Меѓународен Илинденски кајак слалом ИКАС.

Објавено на

часот

Сподели

Како и секоја година така и оваа Кајакарската Федерација на Македонија во соработка со Градскиот Кајакарски сојуз како технички организатор го организираат 55- тото издание на нашата најценетата кајакарска манифестација, Традиционалниот Меѓународен Илинденски кајак слалом ИКАС 2024.

Илинденскиот кајак слалом како симбол на кајак спортот во Град Скопје, Република Македонија и пошироко во Европа, во сите свои досегашни изданиа има угостени Олимписки , Светски и Европски шампиони , а патеката Матка во изминатите 18 години беше домаќин на 4 Европски првенства во кајак слалом и спуст, a воедно во периодот од 2014 до 2023 година беше домаќин на едно од шесте кола од Европскиот куп во спуст. Самото ова покажува зашто оваа патека се смета за една од најубавите природни патеки во Европа.

Натпреварите се предивдени да се оддржат во два натпреварувачки дена 06 Април – квалификации со почеток во 10.30 часот и 07 Април со почеток во 10.30 часот – полуфинални и финални натпревари.

Натпреварувачите се веќе пристигнати и во текот на цела оваа недела обавуваат по два тренинга дневно на патеката во Спортско рекреативниот центар Матка.

После неколку години пауза поради пандемијата на Ковид 19 , оваа година повторно во Соработка со Европската кајак Асоцијација повторно се организаира Тренинг кампот за млади кајакари , коишто воедно ќе бидат и дел од натпреварите на ИКАС 2024.

На натпреварите ќе се појават 80 натпреварувачи од 6 земји кои досега се притигнати : Македонија, Грција, Србија, Босна и Херцеговина, Романија и Турција. Како дел од нив се нашиот најдобар натпреварувач Ангел Петрушев победник на минатогодишниот ИКАС, Јефтич Милош – Србија, Џорџевич Марко – Србија, Ачар Мустафа Арда – Турција, Зисекас Панајотис – Грција, Тројанис Каралампос – Грицја, Стефан Рибарски – Македонија.

Во перидот од 02-12 Јули 2025 година , патеката во Спортско рекреативнот центар Матка ке биде домаќин на Европските олимписки игри за Јуниори во слалом , па оттука дел од овие натпреварувачи следната година покрај на 56-тото Издание на ИКАС ќе бидат дел и од Европските олимписки игри.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ