Виршли
Иако е погодно и често се поврзува со летните скари, виршлите се едно од најлошите преработени меса за здравјето на срцето.
„Виршлите се богати со заситени масти и натриум, што може да придонесе за развој на срцеви заболувања“, изјави кардиологот Мајкл Рос Мекдоналд.
Заситените масти го зголемуваат ризикот од таложење на наслаги во артериите, нивно стеснување и ограничување на протокот на крв. Покрај тоа, високата содржина на натриум може да предизвика задржување на течности, дополнително оптоварување на срцето и зголемување на крвниот притисок.
Сланина
Заедно со виршлите, сланината исто така се вбројува меѓу најштетните видови преработки од месо. Покрај тоа што содржи голема количина на заситени масти и натриум, може да има и дополнителни негативни ефекти врз здравјето.
Кардиологот Леонард Ганц предупредува дека црвеното месо како сланината може негативно да влијае на липидниот профил, најновото истражување сугерира дека бактериите во цревата при разградување на месото произведуваат метаболит ТМАО, кој може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања, болести на бубрезите и дијабетес тип 2.
„Преработеното месо, како што се сланината и колбасите, содржат нитрати кои можат да го зголемат воспалението и натриум, што на крајот го зголемува крвниот притисок“, додава Ганц.
Пржено пилешко
Многумина избираат пилешко како поздрава алтернатива за црвеното месо, но начинот на подготовка игра клучна улога. Прженото пилешко, без разлика дали е во форма на крцкави медалјони или сендвичи, носи бројни здравствени ризици. Диететичарот Џеси Федер истакнува: „Похувани пилешки батаци или прженото пилешко се многу богати со воспалителни заситени масти, калории и натриум“.
Овие масти можат да го подигнат ЛДЛ или „лошиот“ холестерол, што доведува до затнување на артериите и зголемен ризик од срцеви заболувања. Покрај тоа, прекумерното внесување на натриум може да го зголеми крвниот притисок и дополнително да го оптоварува срцето. Токму затоа, експертите препорачуваат наместо пржено да изберете печено пилешко.