сабота, 27 јули 2024
Со одлука на Судскиот совет

Престана судиската функција на Софија Спасовска Медарска поради избор за член на ДКСК

Судскиот совет донесе одлука за престанок на судиската функција на Софија Спасовска Медарска, поради избор за член на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК).

Објавено на

часот

Сподели

Советот со седум гласа за на денешната 476. седница донесе одлука за престанок на судиската функција на судијката Софија Спасовска Медарска од Основниот граѓански суд Скопје заклучно со 7 февруари годинава.

Софија Спасовска Медарска беше избрана за член на ДКСК во Собранието од 22 декември 2023 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ