„Управувањето со миграциите не значи управување со бројки, туку работа со луѓе. Од друга страна пак, една од главните форми на управување со миграциите значи и почитување на нашите закони, бидејќи сите нелегални обиди за влегување во земјата мора и ќе бидат процесирани согласно сите правила и регулативи, со правни процедури кои се правични за сите засегнати страни“, вели Спасовски во видео објава на Фејсбук.
Во објавата, Спасовски нагласува дека државата сериозно го сфаќа прашањето на управување со миграците.