сабота, 27 јули 2024

Прескер: Словенија постигна многу откако е во ЕУ, Македонија да го следи истиот пример

Нашиот успех треба да се претвори во успех и на Македонија, да нѐ прати и да постигне еднакво ниво на развој како што е во Словенија, посебно на економски, социјален и политички развој, изјави денеска словенечкиот амбасадор Грегор Прескер во рамките на конференција во Скопје на која Словенија ги промовираше придобивките од дводецениското членство во ЕУ.

Објавено на

часот

Сподели

Тој истакна дека Словенија е добар пример.

„Ние постигнавме многу, економијата се проширува, извозот се зголемува, сите економски параметри се подобри, имаме евро со кое е полесно да се прави бизнис во ЕУ, имаме повеќе инвестотиори зошто е полесно да се инвестира кога има евра… Тоа се неколку предности“, подвлече словенечкиот амбасадор Прескер.

Организатори на конференцијата се Амбасадата на Република Словенија во Македонија, заедно со Здружението на словенечки и македонски бизнисмени. На конференцијата се обрати проф. д-р Мојмир Мрак – економист и редовен професор на Универзитетот во Љубљана, а ќе се обратат и Маја Кадиевска Војновиќ, советник на управниот одбор Стопанска банка АД Битола и поранешен вицегувернер на Народната банка на Македонија, Драган Тилев, државен советник за ЕУ прашања и координатор во Секретаријат за европски прашања на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ