сабота, 27 јули 2024

Преполовено возило во тешка сообраќајка на Партизанска во Скопје

Тешка сообраќајка несреќа се случила рано утрово во скопската населба Влае, во близина на бензиската пумпа „Макпетрол“, информира МВР.

Објавено на

часот

Сподели

„На крстосницата од булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Ангел Динев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С. (32) од Скопје и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.А. (27) од с.Сарај, скопско. Во несреќата тешки телесни повреди добила Е.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Возачот Б.А. завршил со телесни повреди констатирани во Градска општа болница „8 Септември“, додека неговиот сопатник И.А. (32) од село Љубин, скопско, исто така добил телесни повреди констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје“, соопшти МВР.

Еден од автомобилите бил преполовен од силината на ударот, при што еден дел завршил на околниот тревник. Фотографијата е на Плусинфо.мк.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ