сабота, 19 октомври 2024

Пренесувале дрва за огрев без документи

Објавено на

часот

Сподели

„Во периодот од 02.00 до 10.00 часот во реонот на с.Беловодица, прилепско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина при Регионалниот центар за гранични работи Југ во координација со полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Б.М.(33), Ф.Ц.(28) и Н.Б.(25), сите од Прилеп. Тие биле затекнати како со три возила превезуваат нежигосани огревни дрва без документација“, соопшти МВР. 

Дрвата и возилата биле одземени за понатамошна постапка, а лицата биле задржани во полициска станица.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ