Имено, прекумерната употреба на добри бактерии може да резултира со наталожување такви бактерии во тенкото црево. Тоа потоа е причинител на дезориентација, надуеност и болки во стомакот. Во неодамна објавено испитување на Медицинскиот факултет на Џорџија при Универзитетот во Августа што опфатило 300 пациенти кои земале пробиотици, 122 лица пријавиле надуеност, проблеми како збунетост и со концентрирањето. Некои испитаници рекле дека нивната дезориентација и губење на когнитивните способности траеле од половина час до неколку часа после оброкот, и биле толку тешки што морале да си заминат од работа.
„Истражувачите најдоа големи колонии на бактерии коишто се размножуваат во тенкото црево на пациентите, но и високи нивоа на Д-млечна киселина што се создава кога бактериите лактобацил ферментираат шеќери од храна“, изјави д-р Сатиш Рао, стручњак за неврогастроентерологија.
Познато е дека Д-млечната киселина е штетна за мозочните клетки. Истражувачите откриле дека некои пациенти имаат два до три пати поголема количина на Д-млечна киселина во крвта.
Иако пробиотиците се повеќе од корисни во некои случаи, истражувачите советуваа да се внимава на можна прекумерна и неконтролирана употреба.
Пробиотиците треба да се земаат како лек, а не како додаток во исхраната, истакнува д-р Рао.
Лекарот напомнува дека би било добро, наместо капсули со чисти пробиотици, да се користат и намирници коишто имаат пробиотик-ефект, како што се темното чоколадо, јогуртот, киселата зелка и, особено – кефирот.