недела, 12 јануари 2025

Премиерот замина за Берлин, утре ќе биде пречекан од германскиот канцелар

Објавено на

часот

Сподели

                                                                                      Фото: Од минатогодишната средба

Во рамки на официјалната посета која започнува утре предвиден е официјален пречек на премиерот Ковачевски, прием кај канцеларот Шолц, заедничка прес-конференција и работна билатерална средба и вечера на двете официјалните делегации.

Главниот фокус на разговорите, како што наведуваат од Владата, ќе бидат билатералните односи и соработка меѓу Македонија и Германија, кои оваа година одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи. Дополнително, теми на разговор ќе бидат и германската поддршка на македонскиот евро-интеграциски пат, реформскиот процес насочен кон исполнување на стандардите на ЕУ и други актуелни прашања од регионален и европски безбедносен аспект.

Во рамки на официјалната посета, премиерот Ковачевски ќе учествува на експертска дискусија во организација на фондацијата Фридрих Еберт (Friedrich Ebert Stiftung) и ќе има средба со претставници на здруженија на македонски иселеници во Берлин.  За време на посетата на Берлин, премиерот Ковачевски ќе има работна средба и со главниот извршен директор на Дојче Телеком, Тимотеус Хотгес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ