На средбата со словенечката претседателка заеднички било констатирано дека во изминатите 31 година од воспоставувањето на дипломатските односи во 1992 година, двете држави создале стабилна основа за цврсто и напредно партнерство кое ќе продолжи во насока на зајакнување на соработката токму во насока на натамошно интензивирање на севкупната соработка..
Поздравени биле и се политиките на дијалог со коишто Македонија, како што информира Владата, успешно ги унапредува добрососедските односи, со што придонесува и во регионалниот мир и европската стабилност.
На состанокот со вицепремиерката Фајон биле поздравени „државничките политики на Владата на Република Северна Македонија во правец на реализација на европските перспективи на државата, што е оценето како значаен придонес и во регионалната и европската стабилност“.
Претходно Ковачевски имаше средба со словенечкиот претседател, а од заедничката прес-конференција изразија уверување дека во Бугарија ќе биде составена политичка Влада која ќе биде ориентирана кон проширување на ЕУ и за добри односи со соседите.
Фото: Влада