сабота, 28 декември 2024
Христијан Мицкоски за „Новогодишната кошница“

Премиерот вели дека најголем дел од трговците ги поевтиниле цените, но контролите продолжуваат

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека најголем дел од трговците го почитуваат укажувањето за враќање на цените на производите на ниво пред зголемувањата, што беше побарано поради алармирањето од страна на граѓаните во рамки на акцијата „Новогодишна кошница“.

Објавено на

часот

Сподели

„Утрово разговарав со министерот за економија и труд, а претходниве ден-два добивам информации од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) дека најголемиот дел од трговците ги враќаат цените на претходното ниво. Го почитуваат укажувањето што јавно го упативме до нив. Очекувам тоа да продолжи, но состојбата редовно ќе се следи со интензивни контроли од страна на ДПИ,“ изјави Мицкоски по презентацијата на годишните резултати на Министерството за внатрешни работи.

Тој додаде дека доколку се забележи отстапување, Владата ќе преземе соодветни мерки.

„Последната мерка што Владата ја има на располагање е повторно ограничување или лимитирање на цените. Сепак, во овој момент најголемиот дел од трговците го почитуваат укажувањето,“ нагласи премиерот.

По поплаките од граѓаните за поскапувања на основните прехранбени производи кои не беа опфатени со акцијата „Новогодишна кошничка,“ Мицкоски завчера најави дека Владата ќе реагира „робусно“ доколку има потреба.

Министерот за економија, Бесар Дурмиши, потврди дека Државниот пазарен инспекторат е на терен и прави анализи за движењето на цените во изминатите три месеци. По завршувањето на анализите, ќе се разгледаат и потенцијални поригорозни мерки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ