За тоа дали има повеќе детали за денешното убиство во Скопје, Мицкоски рече дека од информациите со кои располага едно лице е фатено, а по другото се трага и оти за сите детали ќе информира МВР.
Според Мицкоски, „во овој период на транзиција поединци земаат замав“, но, како што рече, уверен е дека „ваков тип на криминални битанги ќе завршат онаму каде што им е местото“.
„Криминални структури имало и ќе има. Во овој период на транзиција поединци земаат замав. Некои се охрабрени од некои центри на моќ, но ние ќе се бориме и ќе ги победиме. Да знаете дека жестоко ќе се спротивставиме како држава и ќе ги победиме. Граѓаните да се чувствуваат безбедно и слободно. Ваков тип на криминални битанги ќе завршат онаму каде што им е местото и јас ве уверувам во тоа“, изјави изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција по средбата со претседателката на Судски совет, Весна Дамева.