понеделник, 21 октомври 2024

Премиерот очекува 2.500 денари поголеми пензии од септември, опозицијата тврди покачувањето ќе биде околу 1.000 денари

Измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување поминаа на вчерашната седница на Владата, така што усогласувањето на пензиите ќе биде линерано, нема да биде процентуално како досега, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски кој очекува измените на законот наскоро да бидат изгласани од Собранието и септемвриската пензија да легне на сметката на пензионерите зголемена за 2.500 денари. Од опозицијата пак, денеска преку соопштение тврдат дека пензионерите ќе добијат покачување од само околу 1.000 денари што би било ризик за стабилноста на ПИОМ.

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

Одговорајќи на новинарско прашање, Мицкоски појасни дека прво од септември годинава ќе има зголемување од 2.500 денари, а потоа од март 2025 година уште 2.500 денари.

„Ние ветивме дека во првата година пензиите линеарно ќе бидат зголемени за 5.000 денари. Тоа ќе го направиме многу побргу, односно во првите девет месеци. Ќе видиме понатаму какви ќе бидат состојбите со буџетот“, нагласи Мицкоски.

Тој додаде дека понатаму може да има пријатни изненадувања за пензионерите, за работниците…

Од опозицијата пак, денеска преку соопштение тврдат дека пензионерите ќе добијат покачување од само околу 1.000 денари што би било ризик за стабилноста на ПИОМ.

„Кога Мицкоски најави покачување на пензиите за 5.000 денари, многу пензионери поверуваа во тоа и очекуваа да се случи, за подобрување на животот во услови на растечки цени на основните потреби. Но, со последната одлука на Владата, пензионерите беа изненадени и разочарани кога разбраа дека на своите сметки нема да имаат дополнителни 5.000 денари во септември. На пензионерите секако им следува покачување на пензиите во септември, а потоа и во март согласно методологијата за постојан раст на пензиите. На тоа покачување кое секеко им следи власта додава само 1.000 денараи а не 5.000 денари како што ветуваше. Оваа разлика од 4.000 денари не е само обичен математички пропуст, туку показател за начинот на кој Владата на Мицкоски сака да ги користи пензионерите како инструмент за политички поени. Многумина пензионери веќе изразија незадоволство од ваквата измама, оценувајќи ја како удар на веќе кревкото доверие во институциите“, велат од СДСМ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ