сабота, 27 јули 2024

Премиерот на Украина: Во моментов работат само 27 отсто од термоцентралите

Премиерот на Украина Денис Шмигаљ денеска изјави дека моментално работат само 27 отсто од украинските термоцентрали.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Состојбата во енергетскиот сектор е многу тешка, тоа е очигледно. Русија уништи 50 отсто од нашиот капацитет за производство на електрична енергија“, изјави Шмигаљ, пренесува Униан. Според него, уништени се 42 енергетски блока.

Шмигаљ изјави дека 27 отсто од големите термоцентрали се во функција, а 73 отсто се уништени или оштетени така што во моментов не работат.

Премиерот додаде дека Украина работи на реконструкција со цел да започне што е можно поголем капацитет за производство на електрична енергија пред грејната сезона, како и на зголемување на увозот на струја од ЕУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ