Ал Судани кажа дека Јасим Ал Мазрауи Абу Абдул Кадер е убиен во планините Хамрин во провинцијата Салахудин во операција на силите за борба против тероризмот и националната безбедност.
„Нема место за терористите во Ирак, ќе ги прогонуваме до нивните засолништа и ќе ги елиминираме“, наведе Ал Судани во соопштение.
Командата на ирачките сили соопшти дека операцијата е извршена „со техничка поддршка и размена на прецизни разузнавачки информации од страна на меѓународната коалиција“.
Идентитетите на другите убиени во операцијата ќе бидат објавени по потврдата на ДНК тестовите, се додава во соопштението.
Наведено е и дека е „запленето големо количество оружје, муниција и опрема“.
Соединетите Американски Држави објавија минатиот месец договор со ирачката влада за завршување на воената мисија на американската војска до следната година, со повлекување на трупите од некои бази кои ги користеле за време на своето дводецениско воено присуство во земјата.