четврток, 2 јануари 2025

Премиерот на Грузија: Спремни сме да ги обновиме односите со САД

Грузија е спремна да почне нови односи со Соединетите Американски Држави и очекува реципрочни чекори од администрацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, изјави грузискиот премиер Иракли Кобахиѕе.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Еден од нашите главни надворешнополитички приоритети е обновување на односите со САД, ќе направиме сè што можеме. Нашата цел е повторно да ги почнеме односите со Вашингтон од „празен лист“, да го обновиме стратегиското партнерство“, кажа Кобахиѕе.

Според него, „од грузиска страна постои апсолутна отвореност и спремност за тоа, затоа се надеваат дека од новата американска влада ќе бидат реципрочни чекори“.

На крајот на ноември Стејт департментот соопшти дека САД го прекинуваат своето стратегиско партнерство со Грузија поради наводното антидемократско дејствување на владејачката партија Грузиски сон.

Освен тоа, САД на 13 декември воведоа визни ограничувања за 20 грузиски функционери поради наводно поткопување на демократијата во земјата и го осудија насилството против демонстрантите.

По победата на Грузиски сон, Западот почна со акција во Грузија поддржувајќи ги антивладините протести и барајќи поништување на изборите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ