Тој ја критикуваше одлуката на украинскиот претседател Володимир Зеленски да им воведе санкции на грузиски функционери, нарекувајќи го тоа обид за влошување на односите меѓу двете земји.
Кобахиѕе ја обвини и американската влада во заминување дека сака да ѝ остави „колку може потешка ситуација“ на идната американската влада во Јужен Кавказ.
Тој ја коментираше и изјавата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој го осуди насилството над демонстрантите во Грузија, и неговите тврдења ги нарече „целосна лага“.
Зборувајќи за протестите во Тбилиси, премиерот најави „крај на секаква соработка“ со опозицијата, која ја обвини за обиди за насилна промена на власта, вклучувајќи, како што истакна, и злоупотреба на деца во протестите.
Кобахиѕе опозицијата и нејзините поддржувачи ги нарече „либерални фашисти“ и вети дека власта ќе одговори на нивните акции „со цврста рака“.
Тој го осуди објавувањето на листи на полициски службеници вклучени во разбивањето на протестите, нарекувајќи го тоа психолошко насилство, и истакнувајќи дека полицајците, според него, се херои кои ја штитат државата.
Кобахиѕе останува на ставот дека неговата влада „ќе ја заштити државата од дестабилизација и дека приоритет ќе биде зачувувањето на суверенитетот и стабилноста на Грузија“, додека опозицијата и демонстрантите бараат потесни врски со Европската Унија.