понеделник, 23 декември 2024

Премиерот на Финска: Русија е постојана закана за ЕУ

Финскиот премиер Петери Орпо денеска изјави дека Русија претставува постојана закана за Европската Унија и ја нагласи потребата да се зголемат трошоците за одбрана и да продолжи поддршката за Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Орпо беше домаќин на самитот за безбедност и имиграција, на кој присуствуваа високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас и премиерите на Шведска, Италија и Грција, Улф Кристерсон, Џорџа Мелони и Киријакос Мицотакис.

Финскиот премиер по средбата за новинарите изјави дека безбедносната ситуација е променета.

„Русија претставува постојана и опасна закана за ЕУ ​​и европските земји. Одбраната на Европа мора да се зајакне со сите можни средства, мора да ги истражиме сите финансиски опции“, додаде Орпо без да спомене конкретни планови за зголемување на буџетот.

Каја Калас рече дека Русија претставува директна закана за европската безбедност и додаде дека безбедноста вклучува различни елементи.

„Гледаме различни хибридни напади низ Европа, вклучувајќи саботажа, сајбер-напади, попречување на ГПС и оштетување на телекомуникациските кабли (Балтичко Море), но и милитаризација на миграцијата“, додаде таа.

Финска ја обвини Москва дека организирала прилив на мигранти кон нејзината источна граница со Русија со пристигнувањето на околу 1.000 илегални имигранти во есента 2023 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ