петок, 26 јули 2024

Премиерот на Федерацијата БиХ: Лага е дека оружјето користено на Косово е купено во БиХ, Србија бара алиби

Премиерот на Федерацијата на Босна и Херцеговина Нермин Никшиќ се огласи по тврдењата на Србија дека од Тузла стигнало оружјето кое е користено во инцидентот со косовската полиција во Бањска.

Објавено на

часот

Сподели

Никшиќ кажа дека тврдењата дека оружјето е купено во Тузла се лажни.

„Во последните денови повеќето регионални медиуми ги пренесоа тврдењата на одделни српски функционери и служби дека оружјето кое е користено и најдено на северот на Косово е купено во Тузла. Сакам јасно и гласно да кажам дека овие тврдења се лажни па како такви не можат да бидат поткрепени со никакви докази“, кажа Никшиќ.

Додаде дека Србија не смее во Босна и Херцеговина да бара алиби за своите постапки.

„Разбирам дека Србија во изминатите денови е изложена на голем притисок и осуди од западните држави, но тоа не значи дека во Босна и Херцеговина може да бара алиби за своите постапки. За снабдувањето со оружје, обучувањето паравоени формации и групи српски државјани и тамошни функционери кои предизвикаа оружен судир на северот на Косово одговорноста Србија не може да ја бара од оваа страна на границата“, истакна Никшиќ.

Порача дека планот на српските структури бил да се префрли дел од одговорноста на БиХ, но дека ги потцениле босанските власти.

„Разузнавачките служби на Србија и нејзиниот политички врв очигледно за жал смислиле план да префрлат дел од одговорноста за нападот во соседството, во Босна и Херцеговина. Повторно нè потценија“, истакна тој.

Истакна дека оружјето најдено од косовската полиција не се произведува во БиХ и дека јасно биле прикажани сериските броеви на оружјето и опремата произведени во српските фабрики Слобода, Крушик и други.

На крајот ја повика Србија да работи транспарентно и додаде дека смета дека тие всушност знаат кој стои зад инцидентот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ